Празнење на кутијата за прав (види слики F1−F4)
Напомена: При сервис и чистење на кутијата за прав користете маска за заштита од прав.
Редовно празнете ја кутијата за прав (13) по завршување на работата или по потреба, за да ја одржите оптималната ефикасност на всисување. Со помош на прозорецот (7) може да ја контролирате наполнетоста на кутијата за прав.
- Држете го електричниот алат со уредот за всисување хоризонтално и вклучете го за неколку секунди.
Со тоа се всисуваат остатоците од прав од каналот за всисување во кутијата за прав (13). - Притиснете ги и левото и десното копче за отклучување (5) и навалете ја кутијата за прав (13) од уредот за всисување.
- Извадете го евентуално HEPA-филтерот (14) од кутијата за прав и внимателно потчукнете го или исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе.
Напомена: Не чистете го HEPA-филтерот со вода или со издувување со компримиран воздух. - Протресете ја кутијата за прав (13) над соодветен сад за отпад.
- По чистењето, повторно вметнете го HEPA-филтерот (14) во кутијата за прав (13). Потоа навалете ја кутијата за прав во уредот за всисување, додека копчињата за отклучување (5) звучно не се вклопат.