Подесување на хоризонталниот агол на закосување
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (15):
лево | десно |
---|---|
0° | |
45°; 22,5°; 15° | 15°; 22,5°; 45° |
- Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е затегнато.
- Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и вртете ја масата за пила (29) со копчето за фиксирање кон лево или десно, додека агломерот (14) не го покаже саканиот стандардниот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).
Подесување на хоризонтални агли на закосување
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 52° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е затегнато.
- Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и вртете ја масата за пила (29) со копчето за фиксирање кон лево или десно, додека агломерот (14) не го покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
- Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11).
- Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).