Подесување на вертикалниот агол на закосување

Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 45° (на левата страна) до 45° (на десната страна).

За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5°, 33,9° и 45°.

  • Извадете ја левата подеслива гранична водилка (19).
  • Свртете го левиот граничник (41), додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
    Со тоа целото лево поле на вртење/навалување е на располагање.
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Рачката на алатот навалете ја на дршката (5) налево, додека агломерот  не го прикаже саканиот вертикален агол на закосување.
  • Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно притиснете го копчето за заклучување (13) надолу.

  • Извадете ја десната подеслива гранична водилка (19).
  • Свртете го десниот граничник (41), додека стандардниот вертикален агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
    Со тоа целото десно поле на вртење/навалување е на располагање.
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
  • Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот со дршката (5) кон десно, додека агломерот  не го покажува посакуваниот вертикален агол на закосување.
  • Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно притиснете го копчето за заклучување (13) надолу.

  • Отстранете ја десната/левата подеслива гранична водилка (19).
  • Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.

Стандарден агол на закосување 0°:

  • Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-позицијата.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.

Стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:

  • Свртете го левиот или десниот граничник (41), додека не се вклопи саканиот вертикален агол на закосување на ознаката за стрелка.
  • Навалете ја рачката на алатот до крај кон лево.
    или
    Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево и навалете ја рачката на алатот со дршката (5) до крај кон десно.
  • Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно надолу.