Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Пред сечењето затегнете го копчето за фиксирање (12) и притиснете го копчето за заклучување (13) надолу. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
Вклучување (види слика L)
- За ставање во употреба на електричниот алат најпрво притиснете ја блокадата при вклучување (6). Потоа целосно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (35) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (35) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (35).