Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.
- Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (29) до жлебот (15) за 0°. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Проверка (види слика S1)
- На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
- Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (5).
- Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
- Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
- Прицврстете го делот за обработка.
- Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика S2)
- Свртете ја завртката за подесување (61) со соодветен одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави рамно по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.