Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 98 dB(A); ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.