Ставање во употреба
При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
(GWS 14-125 / GWS 14-125 S / GWS 17-125 / GWS 17-125 S / GWS 17-125 TS / GWS 17-125 S INOX / GWS 17-150 S / GWS 17-125 SB)
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад надолу и потоа ослободете го.
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
(GWS 17-125 PS / GWS 17-150 PS / GWS 17-125 PSB)
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво притиснете ја наназад рачката за ослободување (7) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).