Подготовка за работа
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (8).
- Преклопете го затегнувачкиот лост (57) навнатре.
- Повлечете го продолжетокот на масата за пила (8) до посакуваната должина нанадвор (максимум 250 mm).
- За фиксирање на продолжетокот на масата за пила повторно притиснете го затегнувачкиот лост (57) нанадвор.
При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, морате да ја извлечете нанадвор одн. сосема да ја отстраните левата или десната подеслива гранична водилка (6).
вертикален агол на закосување |
хоризонтален агол на закосување | |
---|---|---|
0°–47° |
≤ 44° |
|
0°–47° | ≥ 45° |
|
0°–47° | ≤ 44° |
|
0°–47° | ≥ 45° |
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка (34) е фабрички подесен и не е амортизиран при испораката на електричниот алат.
Можете индивидуално да ја подесите амортизацијата на лизгачкиот механизам на амортизерот (59):
тврдо – контролирани работни движења;
меко – брзи отсекувања.
- Олабавете ги двете завртки за подесување (60) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (17) за помека амортизација
- или
- повторно затегнете ги двете завртки за подесување (60) за потврда амортизација.
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
- Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (7) и (6).
- Вметнете ја испорачаната столарската стега (19) во отворите предвидени за таа намена (61).
- Олабавете ја пеперутка-завртката (61) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
- Цврсто затегнете ја навојната прачка (63) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
- За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (63) во правец спротивен на стрелките на часовникот.