Подесување на хоризонталниот агол на закосување

Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика H)

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (15):

лево

десно

45°; 31,6°; 22,5°; 15°

15°; 22,5°; 31,6°; 45°; 60°

  • Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е затегнато.
  • Повлечете го лостот (13) и свртете ја масата за пила (42) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
  • Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).

Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика I)

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната страна).