Внимателно расклопете ја основата (5) и оставете ја батериската светилка на подот. Внимавајте да биде безбедно поставена.
Со прифатот за статив (7) може да ја завртите светилката на статив.
Поврзете ја светилката цврсто со стативот. Осигурете се дека светилката не може да се откачи и/или да падне.
Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.
Главата на светилката (4) е прицврстена на рачката за носење (8). Главата на светилката може да се постави во пет позиции со помош на рачката за носење.
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
За да ја исклучите батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1), за да ја вклучите батериската светилка со максимална осветленост. За подесување на осветленоста во 2 степени, држете го притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не се постигне саканата осветленост.
При пречекорување на дозволената оперативна температура, батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно вклучете ја.