Процес на полнење
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.
- Проверете дали отворот за полнење и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.
Процесот на полнење започнува штом мрежниот приклучок на полначот се вметне во приклучницата и батерија се вметне во отворот за батерии (2) за батерии од 14,4-V-/18-V или во отворот за батерии (1) за батерии од 10,8-V-/12-V или/и кабелот за полнење се вметне во USB-приклучницата (4).
Батеријата што прво се вметнува во отворот за батерии (1)/(2) ќе биде онаа батерија што најпрво се полни. Потоа автоматски се полни последната вметната батерија .
Секогаш се полни приклучен надворешен USB-уред, независно од тоа, дали веќе се полни една батерија .
- Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).
Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.