Совети при работењето
- Силата на привлекување на магнетот на електричниот алат значително зависи од јачината на делот за обработка. Најсилната сила на привлекување на магнетот се постигнува на мек челик со дебелина од најмалку 20 mm.
Напомена: При дупчење во челик со помала дебелина мора да се постави дополнителна челична плочка (минимални димензии 100 x 200 x 20 mm) под магнетната основна плоча. Осигурете ја челичната плочка да не падне.
- При работење на плафон, прицврстете го електричниот алат на нехоризонтални површини со безбедносна лента. При прекин на струја или јако преоптоварување не се одржува силата на привлекување на магнетот. Електричниот алат може да падне и да предизвика несреќи.
- Ако електричниот алат се заглави, не вршете дополнителен притисок и исклучете го алатот. Проверете ја причината за заглавувањето и отстранете ја причината за заглавениот алат за вметнување. Не ја користете функцијата Лев тек.
- Пред почетокот на работењето секогаш проверете ги сите делови на системот за ладење. Никогаш не користете оштетени делови.
- Држете го средството за ладење што подалеку од деловите на алатот и лицата, кои се наоѓаат во работното поле.
Површината на делот што се обработува мора да е мазна и чиста. Измазнете ги грубите неправилности, на пр. прсканиците од заварување и отстранете ги 'рѓата, нечистотијата и маснотијата. Силата на држење на магнетите важи само за соодветни површини.
Моторот на електричниот алат може да се стартува само ако магнетот е вклучен. Магнетната јачина треба да се провери пред дупчењето.
Приказ за магнетна јачина (21) | Магнетна јачина |
---|---|
Трајно зелено светло | Доволна магнетна јачина |
Трепкаво црвено светло | Недоволна магнетна јачина, електричниот алат не смее да се користи. |
- Употребете емулзија за дупчење или масло за сечење за ладење и подмачкување, за да избегнете прегревање или заглавување на дупчалката.
Испорачаниот систем за ладење смее да се користи исклучиво при дупчење со крунеста бургија. - За да го издупчите, набодете го делот за обработка.
- Спирална бургија: При дупчење на мали дијаметри на дупки > 10 mm претходно направете дупка со помал дијаметар. Притоа се намалува притисокот и електричниот алат помалку ќе се оптовари.
- При дупчење користете само беспрекорно наострени крунести бургии (брендирана опрема).
- Изберете соодветен број на вртежи според спецификациите на алатот за вметнување.
Напомена: за сечење на навои мора да се користи најмалиот број на вртежи.
- Вклучете го ласерот (прекинувач за вклучување/исклучување на ласерот (7)).
- Насочете го електричниот алат со помош на ласерскиот крст на делот што се обработува.
- Вклучете го магнетот, за да се фиксира електричниот алат на делот што се обработува (прекинувач за вклучување/исклучување на магнетот (20)).
- При дупчење во вертикални или закосени површини или на плафон осигурете го електричниот алат со безбедносната лента (44).
- Поставете го соодветниот број на вртежи (копче за контрола на бројот на вртежи (2)).
- Вклучете го електричниот алат (прекинувач за вклучување/исклучување на моторот (9)).
- За дупчење, свртете ја рачната курбла (4) со рамномерен притисок додека не се постигне саканата длабочина на дупчење.
- Доколку се постигне саканата длабочина на дупчење, вратете ја рачната курбла додека погонската единица не е повторно во стартна позиција.
- Исклучете го електричниот алат, ев. олабавете ја безбедносната лента и исклучете ги ласерот и магнетот.
- Користете само беспрекорни крунести бургии и проверете ги пред секоја употреба. Не користете оштетени крунести бургии.
- Веднаш исклучете го електричниот алат ако се заглави крунестата бургија.
- Заштитете ја крунестата бургија. Врвот на крунестата бургија е тврд, но кршлив.
Следните мерки помагаат да се намали или да се забави изабувањето и кршењето на крунестите бургии:
- При дупчење во челик проверете дали има доволно средство за ладење; користете средство за ладење за сечење на метал.
- Проверете дали алатот за обработка е рамен и чист за да се обезбеди потребната магнетна јачина.
- Пред дупчењето проверете дали сите делови се прописно прицврстени.
- При стартот и на крај на процесот на дупчење треба да се намали притисокот на притискање за 1/3.
- Ако отпаднат големи количини на метални струготини при дупчење во материјали како лиено железо, лиен бакар итн., може да се користи компримиран воздух наместо средство за ладење, за отстранување на металните струготини.
Електричниот алат застанува ако се притисне прекинувачот за правец на вртење (8) за време на дупчењето.
Ако прекинувачот за правец на вртење стои во средна позиција, алатот за вметнување може да се сврти во правец на стрелките на часовникот, со постојано притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување на моторот (9).
Со тоа може лесно да се заврши процесот на сечење навои.