Активирање на копчестата батерија (види слика A)
При првото пуштање во употреба извадете ја разделната фолија меѓу копчестата батерија (10) и контактот за копчести батерии.
За да може батериската светилка да се лоцира и без батерија (8) од мобилен уред, таа е опремена со копчеста батерија.
Ослободете ја блокадата на капакот на батеријата (6) и отворете го капакот (5).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за батерии (12) и извадете го (11).
Отстранете ја фолијата од контактот за копчести батерии и повторно затворете го поклопецот од преградата за батерии со завртката.