Управување преку апликацијата
Батериската светилка е опремена со Bluetooth®-модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да можете да ја управувате батериската светилка преку Bluetooth®, потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch Toolbox“. Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools“. Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на батериската светилка со уредот.
Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на располагање се следните функции:
- Далечинска контрола
- Временска контрола
- Комбинирање на повеќе батериски светилки во една група
- Персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување