Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Правта, на пр.минералната прав може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Прекинувачот за избор на брзини активирајте го само доколку електричниот алат е во состојба на мирување.
Свртете го прекинувачот за избор на брзина (3) на саканата брзина (I или II).
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Мал опсег на вртежи
Брзина II:
Голем опсег на вртежи
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1). За да го заклучите прекинувачот за вклучување/исклучување (1) притиснете го копчето за заклучување (5) и отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
За да го исклучите електричниот алат, кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и отпуштете го.
Приказот за замена на карбонските четки (9) трепка во црвено, кога ќе се истрошат карбонските четки. Карбонските четки мора да се обноват. За таа цел, испратете го електричниот алат до овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати види Сервисна служба и совети при користење.